Добредојдовте во „Д-р Данаилов“
Ординацијата располага со најсовремена медицинска опрема за да се запази квалитетот на прегледот кој што во комбинација со стручноста овозможува да се добијат врвни резултати за навремена дијагностика на болести на целото тело.
Прегледи кои се вршат во нашата ординација:
ЕКГ И ЕХО ДИЈАГНОСТИКА СО КОЛОР ДОПЛЕР НА СРЦЕ
Oдредување на морфологијата, градбата на срцето, димензиите на срцевите кавитети и структури, залистоци/валвули, правилноста на нивната градба и функција, нивно оштетување и нефункционирање, следење на сите делови на срцето, срцевите кавитети и структури.
ЕКГ МОНИТОРИНГ
Следење на работата на срцето во неограничено време.
EХО НА ТИРЕОИДНА (ШТИТНА) ЖЛЕЗДА
Нејзина морфологија/структура, големина, крвоснабдување, одредување на тиреоидни хормони ФТ4 и ТСХ, ФТ3, анти ТПО, како и брзо и ефикасно поставување на дијагноза и терапија.
ЕХО И КОЛОР ДОПЛЕР НА КАРОТИДНИТЕ КРВНИ САДОВИ
Oдредување на проодноста, како и пулсен доплер за навремено откривање и лекување на евентуални атероматозони промени/плаки на испитуваните артерии.
АБП ХОЛТЕР ЗА ПРИТИСОК
24-часовно мониторирање на крвниот притисок.
ЕКГ ПО ХОЛТЕР
24-часовно мониторирање на работата на срцето.
ЕХО НА АБДОМЕН
ехо мониторинг на стомачните органи : панкреас, абдоминална аорта-нејзина морфологија-проодност, црн дроб, жолчно кесе, жолчни патишта, слезенка, бубрези, мочниот меур и простата. Се исклучува постоење на зголемени лимфни јазли, течност во абдоменот и течност во френикокосталните синуси.
ЕХО НА ДОЈКИ
Редовни ехо контроли за навремено дијагностицирање на морфолошки промени.